Најсилен напад на сите времиња – ПСЖ со Меси, Мбапе и Нејмар на дуелот со Ремс

ПСЖ ќе настапи со целата „артилерија“ на вечерашното гостување против Ремс откако тренерот Покетино реши во составот да ги вклучи Лионел Меси, Нејмар, но и Килијан Мбапе, кој е се поблиску до останување на „Паркот на принцовите“ и покрај сериозниот интерес од Реал Мадрид.

Меси веќе десетина дена тренираше со новите соиграчи, по што денеска и официјално ќе дебитира во дресот на ПСЖ, а останува да се види дали тој веднаш ќе биде стартер или ќе влезе во игра во второто полувреме. Својот прв овосезонски настап ќе го има и Нејмар, кој доби продолжен одмор по настапот на Копа Америка.

Долго време се шпекулираше дека Мбапе воопшто нема да патува за Ремс како најава за неговиот мегатрансфер во Реал Мадрид, но фактот дека Покетино смета за него на денешното гостување е доволен знак дека францускиот репрезентативец речиси сигурно ќе остане на „Паркот на принцовите“ до крајот на сезонава.

Се вчитува...