Најскапиот состав во историјата на фудбалот: Од Буфон до Роналдо, без Меси

Моќ, техника, класа, богатства… Карактеристиките кои најдобро ќе го опишат најскапиот состав во историјата на фудбалот. Меѓу мега-ѕвездите, само еден фудбалер е во пензија, другите се уште се активни во спортот. Интересно, но го нема Лионел Меси, затоа што овој состав е селектиран според најголемите трансфери во историјата. А Аргентинецот целата своја кариера ја минува во Барселона.

Soccer: Serie A; Juventus-Sassuolo

На голот, за многумина најдобриот на сите времиња, Џанлуиџи Буфон. Во 2001 година дресот на Парма го замени со оној на Јувентус, за сума од 37 милиони евра. Со Јуве и Италија освои се’, но трофејот од Лигата на шампиони останува неисполнета желба. Но, и во неговата 38. година, Буфон покажува дека е класа, така што е меѓу номинираните за „Златна топка“ 2018.

Дефанзивната линија е најслабото оружје на составот. Џон Стоунс и Лук Шо се најслабите алки овој тим, но се уште имаат време да се оправат впечатокот и да напредуваат, знаејќи дека се млади и играат во врни клубови кои можат само да им помогнат во развивање. За нив Сити и Јунајтед одвоија вкупно 92 милиони евра. Евертон доби 54 милиони за Стоунс, додека Саутемптон се збогати за 38 милиони евра.

defence

Одбраната ја исполнуваат Дани Алвеш и Давид Луиз. Едниот Бразилец со трансферот во Барселона во 2008 година направи фантастична кариера. Севилја заработи 34 милиони евра, а Алвеш замина од „Камп Ноу“ со 24 титули во својот „џеб“. Луиз исто така има раскошна кариера. Бенфика му ги отвори вратите кон европскиот фудбал, а со Челси и ПСЖ доби педигре на врвен фудбалер.

Средниот ред е предводен од двајца француски мајстори. Зинедин Зидан иако веќе 11 години е во пензија, се уште е меѓу најскапо платените фудбалери. Трансферот од Јувентус ги чинеше Реал 53 милиони евра, а Зидан најмногу ќе се памети по голот против Леверкузен во финалето од ЛШ, како најдобар гол во историјата. Пол Погба засега е и најскап играч во светот, рекордот е 101 милион евра, а во првата сезона со Јунајтед, може да се пофали со три трофеи, иако тимот имаше турбулентна сезона.

collagepogbazidane

Пред „9-ката“, се тројца „Галактикоси“. Кристијано Роналдо, Хамес Родригез и Герет Бејл имаат вкупна вредност од 260 милиони евра. 71 милион Реал ги даде на Монако за Родригез, кој со сите сили се бори да замине од Мадрид. Перез со Роналдо ја започна новата ера на „Галактикоси“, а трансферот ги чинеше 91 милион евра. Герет Бејл во 2013 година го напушти Тотенхем, по една долга сага потпиша за најтрофејниот клуб во Лигата на шампиони, за сума од 98 милиони евра.

collageronaldobalejames

Осамен во нападот е моментално најомразениот фудбалер во Италија, Гонзало Игуаин. Минатото лето го напушти Наполи за Јувентус, трансфер вреден 85 милиони евра. Но „Пипита“ не го засега неговиот статус во Италија, се’ додека освојува трофеи, а токму тоа го прави со Јувентус.

nintchdbpict000254855753

Се вчитува...