Милан остана без место во Лигата на Шампионите, но по што управа на клубот се реши за тренерска смена, го доведе Рубен Аморим, но потоа и издвои богатство за да ги доведе фудбалерите што португалскиот стратег ги посакуваше на „Сан Сиро“.
Преодниот рок во Италија е завршен, а на топ-листата од десет најскапи трансфери на Апенинскиот полуостров, првите две места се резервирани за новите фудбалери на „росонерите“.
На чело е Гонсало Рамос, чиј трансфер од редовите на европскиот првак ПСЖ е вреден 74 милиони евра. Диего Мореира го освои второто место со трансферот од Стразбур во Милан, за сума од 55 милиони плус 10 милиони како бонус преку различни клаузули.
Третопласиран во ова рангирање е Коло Муани, чиј трансфер од ПСЖ го чинеше Јувентус 50 милиони евра, додека Моисес Кеан се пресели од Фиорентина во Комо за вкупно 40 милиони евра (позајмица плус клаузула за задолжителен откуп). Идентични 40 милиони евра за позајмица и клаузула за задолжителен откуп ќе плати и Аталанта, за ангажманот на Џонатан Роув од Болоња.
Болоња го продаде и Сантијаго Кастро во Рома за 35 милиони евра плус бонуси, а зад овој трансфер во рангирањето се наоѓаат двајцата нови фудбалери на Интер. Шампионот плати по 35 милиони евра за Куртис Џонс и за Џед Спенс, двајца фудбалери кои пристигнаа од Премиер-лигата, од редовите на Ливерпул и на Тотенхем.
Истата сума ја плати и Јувентус, вклучувајќи ги и бонусите, за новото босанско чудо од дете, Керим Алајбеговиќ.
Листата од Топ 10 најскапи трансфери во Серија А летово ја комплетира уште едно ново засилување на Комо, Тревор Шалоба кој пристигна од Челси за сума од 30 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
