Лукас Хернандез, најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен за кој германскиот клуб издвои 80 милиони евра во 2019 година ова лето ќе замине од клубот, пренесуваат тамошните медиуми. Неговата следна дестинација ќе биде ПСЖ каде го посакува спортскиот директор Луис Кампос.
Хернандез пристигна на „Алијанц Арена“ како еден од клучните играчи на кои требаше да се темели клубот, но пречестите повреди го спречија да го исполни целиот потенцијал. Оваа сезона настапи на само 11 натпревари по што и германскиот клуб му ја отворил вратата за заминување.
Тоа го прави со цел да покрие дел од финансиите издвоени за него со оглед на тоа што неговиот договор истекува следната сезона. Трансфермакрт го проценува на 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА