Најскромниот фудбалер на планетава: Средбата на Н’Голо Канте со пехарот од ЛШ… (ВИДЕО)

Н’Голо Канте повторно успеа да ја воодушеви спортската јавност. Човекот со неверојатна скромност и понизност беше најдобар поединец во финалето од Лигата на шампионите, но по мечот најповлечен од сите оставајќи во радоста да водат соиграчите.

30-годишниот Французин дојде до ново достигнување во кариерата. Во период од само пет година има две титули шампион на Англија, го освои Светското првенство со Франција, титулата во Лига Европа и сега титулата во Лигата на шампионите. Со тоа што во најсилен ранг игра само од 2014 година во дресот на Каен.

По мечот сцените како Курт Зоума на рацете го носи малиот Канте го обиколија светот, но неговата средба со трофејот на ЛШ, пак, е посебна приказна.

Додека сите играчи на Челси восхитено околу пехарот, скромниот Канте одлучи само да го допре со насмевка на лицето.

Веднаш по финалето од ЛШ многумина во Европа веќе стартуваа акција Канте да ја добие наградата „Златна топка“. Својата класа ќе има можност да ја потврди и на престојното Европско првенство каде неговата Франција е меѓу фаворитите за титула.

Се вчитува...