Најтажната и најубавата приказна почната е на депонија – „Никој не смее да има ваков живот“

Банди, грабежи и убиства. Искрена и тешка исповед на Јохан Омоло кој стигна до белгиската „Јупилер“ лига. Кенискиот фудбалер кој потекнува од местото Дандора, раскажува за неговиот трагичен живот и исполнувањето на сонот да стане фудбалер.

Во местото од каде потекнува има голема депонија, а преживувањето се темели на криминал. Како што раскажува самиот тој таму еден долар е како да имаш милиони.

„Прво што ќе приметите е смрдеата. Замислете како да сте паднале во канализација. Или седум дена да не сте фрлиле ѓубре, а смрдеата се проширила на цела куќа. Во Дандора можете да видите отровен чад кој може да загуши цела населба. Гледате сиромашни мајки и деца, но гледате и криминалци. Моите пријатели кои ги доведов во моето родно место, ме прашуваа „Јоан како си можел да живееш тука“. Да, тоа е добро прашање. Во дандора еден долар е како да имаш милион“, изјави Омоло. 

Тој од 2017 е член на белгискиот Серкл Бриж за кого на 47 натпревари има постигнато три гола. Претходно настапуваше и за екипата на Ројал Антверп.

Се вчитува...