Најтажното ФОТО на СП: Нигерија, ве молам победете за Меси!

Аргентинските фанови во Русија со посебно внимание го следеа денешниот натпревар меѓу Нигерија и Исланд во рамките на Групата Д.

Само триумф на Нигеријците против Исланд носеше сериозни шанси за „гаучосите“ во последното трето коло токму со триумф против Нигерија да се изборат за осминафинале на Мундијалот 2018… Па, не беше изненадување и тажната молба на еден аргентински навивач до селекцијата на Нигерија: „Ве молам победете за Меси!“.

Па, Нигеријците спасуваа кога Меси и компанија сами не можат со игра на терен да се изборат за осминафинале… А, друго прашање е колку Аргентина во последното коло ќе може да се справи и со Нигерија.

Се вчитува...