Најтешкиот пораз на Диего Симеоне

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид доживеа дебакл на синоќешното гостување во Дортмунд. Беше прегазен од Борусија со убедливи 4-0, и тоа е најтешкиот пораз на тимот откако го предводи Диего Симеоне.

Статистиката вели дека „јорганџиите“ не загубиле така убедливо од 2011 година, кога ги совлада Барселона, а тренер беше Грегорио Манцано.

„Нема што да се зборува. Бевме комплетно надиграни, одигравме очајно. Ќе мораме брзо да се консолидираме и да го оставиме ова зад нас. Очигледно дека многу работи не функционираат. Противникот беше супериорен. Беа брзи и прецизни, едноставно не можевме да ги стигнеме“, изјави разочарано Диего Симеоне.

Се вчитува...