Најубав автогол на сите времиња: Со „ножички“ во сопствената мрежа

Неверојатен автогол беше постигнат во една од ниските лиги во Швајцарија, дело на Адриен Гулфо од екипата на Пули футбол. Неговиот тим веќе губеше со 1-2 на мечот со Рененс кога Гулфо во обид со „ножички“ да ја отстрани опасноста, максимално атрактивно ја смести топката во сопствената мрежа.

Гулфо со овој погодок се најде во фокусот на вниманието на бројни медиуми ширум светот, а добро за него е што Пули футбол се врати по негативата од 1-3, даде два гола, па потоа на пенали го совлада вчерашниот ривал.

Се вчитува...