Најубав гол на мундијалите: Негрете пред Пеле и Марадона

ФИФА го навлече бесот на бројни фудбалски фанови по изборот за најдобар гол во историјата на мундијалите што мнозинството го нарече „скандалозен“, поради фактот дека Негрете се најде пред ремек-делата на Пеле и на Марадона. Светската куќа на фудбалот организираше гласење преку својата фејсбук страница, а резултатите беа изненадувачки, откако на врвот се најде мексиканскиот репрезентативец Негрете со погодокот на дуелот против Бугарија на СП 1986.

Зад мексиканскиот ас се најде Бразилецот Едер и неговото ремек-дело на дуелот со СССР во 1982 година, а трет е погодокот на Пеле на финалето во 1958 година против Шведска.


Медиумите ширум светот гласно реагираат како може голот на Мексиканецот да биде избран пред оној на Диего Армандо Марадона против Англија, по „слаломот“ на аргентинската фудбалска легенда на СП 1986.

Се вчитува...