Македонскиот вицешампион во женска конкуренција Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното издание од БВА Купот, кој се игра под капата на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА).
БВА Купот ќе се игра од 6 до 8 октомври 2026 година во салата „Парк“ во Струмица, каде Наковски Волеј ќе ги пречека ЦСКА Софија од Бугарија, Дрита Гњилане од Косово и грчки Олимпијакос.
Победникот од БВА Купот ќе обезбеди пласман во првата рунда од ЦЕВ Челинџ купот, со оглед на тоа дека има улога на зонски клупски претквалификации во рамките од ова европско клупско натпреварување.
По дебито во Европа ланската сезона, Наковски Волеј сега повторно ќе се проба на меѓународната сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
