Одбојкарките на македонскиот вицешампион Наковски Волеј го претрпеа и вториот пораз на Балканскиот клупски куп што се одржува во Струмица. Синоќа, во рамките на второто коло, струмичанки беа поразени од бугарскиот состав ЦСКА Софија со 3-1 во сетови (25-20, 22-25, 21-25, 20-25).
Во вториот натпревар од ова коло, грчки Олимпијакос оправда ја улогата на фаворит и со убедливи 3:0 славеше над косовска Дрита.
Денеска во Струмица се играат натпреварите од последното коло. Од 17 часот ЦСКА Софија се соочува со Дрита, додека во последниот термин од 19.30 часот, Наковски Волеј ќе го затвори турнирот против апсолутниот фаворит Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
