Наместо на „Стемфорд Бриџ“ Нагелсман завршува на „Паркот на Принцовите“?

Отказот од Баерн Минхен ја отвори вратата за Јулијан Нагелсман во Англија и Франција. Германскиот стратег е мета број еден на Челси кој неодамна се раздели со Грем Потер, но според последните информации од Франција, младиот стратег е и на слатки маки откако за неговите услуги е заинтересиран и ПСЖ.

Парижани имаат сезона за заборав проследена со елиминација од Лигата на Шампионите и Купот на Франција, а богатите катарски газди не се задоволуваат само со титулата во домашното првенство па се очекува отказ на тренерот Кристоф Галтие.

ПСЖ изрази голема заинтересирансот за Зинедин Зидан, но славниот Французин кој во тренерската кариера го предводеше само Реал Мадрид засега одолејува на понудата па фокусот е префрлен кон Германецот кој воедно и „виновен“ за раната елиминација на ПСЖ во најсилното фудбалско натпреварување.

Според пишувањата на француските медиуми веќе се започнати и преговори со кои Нагелсман се очекува да седне на жешкото столче на „Паркот на Принцовите“ и да има слобода во избор на тимот кој треба да ја покори Европа.

 

Се вчитува...