Наместо „пекол“ и хулигани – убавици со мобилни на трибини (фотогалерија)

Косово ја имаше предноста на домашниот терен и поддршката од трибините, но впечаток е дека изостана оној фанатизам меѓу навивачите кои вообичаено им даваше крилја на косовските кошаркари. Впрочем, максимално испочитувана беше и македонската химна пред почетокот на средбата, на крајот поздравена и со аплауз, нешто што не беше случај при ланскиот дуел на двете репрезентации во Приштина.

Иако на дел од трибините имаше и навивачка група, повеќе од половина беа „обични гледачи“, меѓу нив и убави девојки кои повеќе ги интересираа мобилните телефони и социјалните мрежи отколку случувањата на теренот.

Присутни во салата во Приштина беа и челниците на МКФ, претседателот Наумоски и Генералниот секретар Моника Гаврилоска, заедно со Директорот на АМС, Дарко Каевски, а на трибините можеше да се забележи и дел од управата на КК Гостивар, заедно со тренерот Марјан Србиновски.

Се вчитува...