Хаосот во Интер околу статусот на Мауро Икарди кулминираше откако аргентинскиот голгетер му поднесе тужба на клубот барајќи да биде вратен на тренинзите со првата екипа, но и паричен надомест од 1,5 милиони евра за нанесената штета поради игнорирањето од страна на Антонио Конте. Весникот „Газета дело спорт“ вечерва објави дека додека „нероѕурите“ се обидувале да најдат заеднички јазик за да го продадат, или барем позајмат поранешниот капитен ан една сезона, директорот Марота и неговите соработници биле шокирани кога им била врачена тужбата од Аргентинецот.
Новиот тренер Антонио Конте уште од самото доаѓање на чело на клубот јасно стави до знаење дека нема да смета на Икарди, а приоритет ќе му биде ангажманот на Ромелу Лукаку. Белгиецот во меѓувреме пристигна во Милано, а Икарди од почетокот на подготовките тренираше изолирано од првиот тим, за да не ја наруши атмосферата како што тоа го стори пред крајот на ланската сезона.
Според истите извори, „нероаѕурите“ се консултирале со адвокати за да се заштитат доколку дојде до ваков развој на настаните, но тоа не ја намалува шокираноста во период кога интензивно се преговараше дури и за нов договор, со кој Икарди би добил поголема плата, по што би заминал на позајмица.
Дефинитивно, наместо примирје во Интер се разгорува жестока војна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА