Нан: Имав понуда од Партизан, но го одбрав Панатинаикос поради Атаман

Кендрик Нан ја зголеми американската колонија во Евролигата со потпис за Панатинаикос. Бекот се поврзуваше и со премин во редовите на Партизан, но и покрај понудата од белградскиот гигант поранешниот кошаркар на Мајами, Лос Анџелес Лејкерс и Вашингтон Визардс го одбра шесткратниот освојувач на најсилното европско кошаркарско првенство.

А, пред денешното гостување во главниот град на Србија токму кај Партизан откри дека тренерот Ергин Атаман е причината поради која се одлучил да понудата на „зелените“ од Атина.

„Гласини? Не беа тоа гласини, тоа беше вистина. Бев во контакт со Партизан неколку пати во текот на летото. Дури и еден од моите тренери во Мајами ми говореше дека треба да одам во Партизан, дека тоа е одлична средина за мене. Близок сум со некои од луѓето во клубот, не можам сега да се сетам за кој станува збор, но тој баш се залагаше за одам во Партизан.

Се одлучив за друга опција и тоа е тоа. Задоволен сум каде што сум. Ги разгледав сите аспекти и проценив дека Панатинаикос е подобра опција за мене, пред се поради стилот на игра и тренерот Атаман кој дава голема слобода на играчите. Не сакав да одам во некој клуб кој веќе има кошаркари слични на мене, потточно со слични карактеристики на игра како мене. Проценив дека во составот на Панатинаикос ситуацијата е таква што можам најмногу да помогнам. Сакав веднаш да направам разлика“, изјави Нан.

Се вчитува...