Нанели со соопштение: За џабе лажете, јас само се бранев, постои и видео доказ

Џејмс Нанели категорично ги отфрла обвинувањата дека тој бил иницијатор на големиот инцидент во текот на вчерашниот ден, кога Стефан Лазаревиќ од Црвена Звезда остана со модро око по конфликтот на двајцата кошаркари.

Вклучените во инцидентот, заедно со сведоците од двете екипи, беа повикани во полициска станица да дадат изјава, а Нанели преку соопштение до јавноста ја даде својата верзија на случувањата.

„Јас сум тој што сум, не сум тој што мислиш дека сум, не тој што сакаш да бидам, јас сум јас. До кликбејт уметниците, не нападнав никого, ве молам престанете да го клеветите моето име“, го почна Американецот обраќањето, по што продолжи: Фабрикација и манипулација воопшто не е неопходна во ваква ситуација, бидејќи постои силен видео доказ, кој им покажа на сите дека јас сум тој што морав да се заштитам од агресивен поединец. Откако се обидов да ја деескалирам ситуацијата, бев буквално притиснат со грбот до ѕид, додека гледав како тупаница лета кон мене. Немав друг избор освен да се одвојам од него и да возвратам. Не чувствувам омраза, се надевам дека е добро. Не сум расист, да знаат сите оние кои тврдат дека сум, додека ме нарекуваат црн мајмун и ми испраќаат банани (ги сакам во смути, иако не се мој омилен избор). Ништо од тоа нема да го промени моето мислење за големите луѓе од Србија со кои изградив однос во времето што го минав во оваа земја“, порача Нанели.

Се вчитува...