Нани раскина со Венеција, Португалецот во потрага на нов клуб!

Нани и Венеција официјално го раскинаа договорот со взаемна согласност, откако Венеција не успеа да избори опстанок во Серија А минатата сезона.

Португалецот одигра 10 натпревари во дресот на Венеција и забележа една асистенција. Покрај за Венеција, Нани настапуваше и за Спортинг, Лацио, Валенсија, Фенербахче и Манчестер Јунајтед.

Нани за репрезентацијата на Португалија забележа 112 настапи и постигна 24 гола.

Се вчитува...