Нант е освојувач на купот на Франција (ВИДЕО)

Фудбалерите на Нант се освојувачи на францускиот фудбалски куп. Тие вечерва во финалето кое се играше на „Стад де франс“ во Сен Дени во Париз ја совладаа екипата на Ница со минимални 0-1.

Голот вреден титула за Нант го постигна Блас од пенал во 47. минута. За екипата на Нант ова е вкупно четврти трофеј во Купот на Франција, но прв по пауза од 22 години, откако последен пат славеа во 2000 година. Ова е и прв трофеј за тимот по пауза од 21 година, откако последен пат се радуваа на титула во домашниот шампионат во сезоната 2000/2001.

 

Се вчитува...