Нант го доби „пенал-рулетот“ против Монако и се пласираше во финалето на Купот на Франција (ВИДЕО)

Нант е вториот патник во францускиот куп, откако вечерва во полуфиналето во еден неверојатен трилер натпревар славеше над Монако по изведување на пенали со 4-2. По регуларните 90 минути резултатот беше израмнет 2-2, а клучни во пенал серијата беа промашувањата на Бен Једер во првата серија и Чумамени во третата.

Натпреварот започна со водство на „кнезовите“ во 12. минута со голот на Марипан. Домаќините израмнија на 1-1 со автоголот на Сидибе во 21. минута. Водство од 2-1 за Нант донесе Моутусами во 74. минута, додека Боаду во 76. минута го врати тимо од „кнежевството“ во игра.

Во финалето Нант ќе се сретне со Ница која во првото полуфинале вчера со 2-0 беше подобра од Версај.

 

 

 

Се вчитува...