Нант го изненади ПСЖ, Нејмар даде гол, па промаши пенал (ВИДЕО)

Нант приреди вистинска сензација вечерва, откако успеа да го совлада составот на ПСЖ со 3-1. Победата дојде благодарение на одличниот прв дел на Нант, кој имаше водство од 3-0, а имаше и супер шанса за поубедливо водство.

Коло Муани во 4. минута погоди во мрежата на Навас за водство, а потоа Мерлин во 16. минута го дуплираше водството. Во судиското надополнување од првиот дел, Блас успеа да погоди од пенал за 3-0.

Нејмар во 47. минута намали, и ПСЖ тргна по израмнување. Меѓутоа се чини дека нивните надежи згаснаа кога Нејмар утна пенал, и така не успеа да намали на 3-2, со што Нант на крајот славеше триумф. Овој пораз не значи ништо за ПСЖ кој и натаму има голема предност на првото место на табелата.

Се вчитува...