Наоми Осака го откажа настапот во Доха

Лидерката на ВТА листата, Наоми Осака поради повреда на грбот го откажа учеството на турнирот во Доха кој ќе биде одржан следната семица. Таа соопштои дека повредата ја принудува на пауза. Јапонката имаше проблеми со грбот и минатата година во ноември тогаш го пропушти турнирот во Хонг Конг.

Наоми Оска минатиот месец ја освои титулата на Австралија Опен со што го надополни успехот од триумфот на УС Опен. По победата на грен-слемот во Малбурн, Осака ја презеде првата позиција на ВТА листата.

На турнирот во Катар ќе учествува речиси целата тениска женска елита. Симона Халеп ќе биде прва носителка во отсуство на Осака, а за трофејот ќе се борат и Анжелик Кербер, Каролина Плишкова, Кики Бертенс.

Се вчитува...