Наоми Осака ќе настапи на ЛОИ во Токио

Јапонската тенисерка, Наоми Осака порача дека сака да е подготвена за Летните олимписки игри во Токио и дека повторно ќе дава изјави за медиумите. Таа се откажа од Ролан Гарос и Вимблдон поради депресеија што беше причина за нејзино заминување од тенисот на некој период.

„Се подготвувам како би била во топ форма за ЛОИ во Токио. Откако го привлеков вниманието на јавноста во светот со моите игри, често имав напади на анксиозност. Тоа секогаш ме следеше, особено пред најголемите турнири“, изјави Осака. 

Осака додаде дека е горда што ќе ја претставува својата земја во Токио и дека е возбудена што ќе игра пред своите сонародници. Летните олимписки игри во Токио почнуваат на 23. јули.

Се вчитува...