Наоми Осака предаде, Кики Бертенс е полуфиналистка во Сингапур

Холандската тенисерка, Кики Бертенс во дебитантскиот настап на финалето на ВТА сезоната обезбеди пласман во полуфиналето откако дуелот од третото коло во „црвента“ група го доби без многу борба. Наоми Осака, поради повреда го предаде мечот кога Бертенс поведе со 1-0 во сетови.

Пред крајот на сетот, Јапонката побара медицинска пауза, се врати, го комплетираше преостанатиот гем. Сетот и припадна на Бертенс со 6-3.

Ова значи дека на Бертенс и се запишува победа од 2-0. Со тоа Холанѓакната е во полуфиналето. Конечниот пласман на Бертенс на табелата ќе зависи од исходот на вториот дуел во оваа конкуренција во кој играат Слоун Стивенс и Анжелик Кербер.

Победничката од оваа пресметка ќе оди во полуфиналето. Ако победи Кербер, Бертенс ќе биде првопласирана, Германката втора. Ако победи Стивенс, таа ќе биде победничка на групата, а Бертенс ќе оди во полуфиналето како втора.

Кики Бертенс на турнирот во Сингапур дојде како замена за повредената лидерка на ВТА листата, Симона Халеп. Од вчера во полуфиналето се пласираа Елина Свитолина и Каролина Плишкова.

 

 


 

 

Се вчитува...