Наполи бара напаѓач за напад на „скудетото“

Италијанскиот калчолигаш Наполи има во план да доведе нов напаѓач во зимскиот преоден рок. Тимот имаше проблеми со повредите на Аркадиуш Милик и на Дрис Мертенс, па тренерот Маурицио Сари сака да ја зголеми конкуренцијата и да има поширок избор за навалната линија.

Во опција за ангажман се двајца млади фудбалери од Серија А. „Наполитанците“ размислуваат за Федерико Киеза, младиот напаѓач на Фиорентина, кој блесна оваа сезона во полн сјај. Неговата вредност на трансфер – пазарот е 40 милиони евра.

Малку поизгледна варијанта е Симоне Верди, напаѓачот на Болоња, кој сезонава има шест гола и пет асистенции, и според италијанските медиуми Наполи би можел да го добие за сума од 25 милиони евра.

Се вчитува...