Наполи добро се испазари: Жоргињо во Манчестер сити за 55 милиони евра

Пеп Гвардиола конечно ќе го добие посакуваното засилување – Жоргињо во текот на денешниот ден би требало и официјално да го потпише договорот со Манчестер сити, во трансферот вреден 55 милиони евра. Италијанскиот репрезентативец, кој настапува како последен играч за врска, се наоѓаше високо на листата со желби на Гвардиола, но Наполи не сакаше лесно да се откаже од неговите услуги.

„Наполитанците“ добро се испазарија, одбија три понуди се додека англискиот првак не ги прифати нивните услови, нудејќи 55 милиони евра. Карло Анчелоти воопшто не го повика Жоргињо за стартот на подготовките, па овој фудбалер веќе денеска би требало да отпатува за Англија, на лекарски прегледи и потпис на договорот со Сити.

Како што јавуваат италијанските медиуми, тој ќе потпише петгодишен договор со „граѓаните“ за плата од 4,6 милиони евра по сезона.

Се вчитува...