Наполи ги најде замените за Осимен и Ким

Засега Наполи одолева на понудите за своите фудбалери Виктор Осимен и Ким Мин-Џае. Меѓутоа прашање е на време кога Ким ќе се пресели во Баерн Минхен, додека за Осимен веројатно е дека ќе оди во Премиерлигата, откако за него сериозно се интересира Манчестер Јунајтед, иако и ПСЖ се обидува да ги расипе нивните планови.

Во исто време Наполи работи и на нивни замени, и истите наводно веќе биле најдени. За Осимен, замената доаѓа од Лил, односно ќе биде Џонатан Дејвид. И Осимен дојде во Наполи од Лил во 2020 година, и во сезоната беше најзаслужен за титулата на тимот од Неапол.

Замената за Ким доаѓа од Кевин Данзо од Ленс. Тој играше одлична сезона, и беше еден од заслужните за второто место на Ленс, кое ги однесе во групната фаза во ЛШ.

Се вчитува...