Наполи ги собира најдобрите млади фудбалери – По Елмас следува потпис со Пепе?

Калчолигашот Наполи е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот летово. По потписот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, клубот од Неапол е подготвен во своите редови да доведе уште еден талентиран млад фудбалер. Се работи за напаѓачот на Лил, Николас Пепе.

„Минатата година го замоливме Пепе да остане, со договор дека летово ќе го пуштиме доколку сака да замине. Досега добивме понуди од четири клуба кои финансиски не задоволуваат. Една од нив беше од првиот човек на Наполи Де Лаурентис. Во прашање беше сума од 80 милиони евра“, изјави претседателот на Лил Џерард Лопез. 

Пепе за вицешампионот на Франција забележа 74 натпревари, на кои постигна 34 гола.

Се вчитува...