Наполи го чека најскапото засилување во историјата

Се е подготвено за пристигнувањето на Ервинг Лозано во Неапол, трансфер со кој мексиканскиот фудбалер ќе стане најскап играч во историјата на Наполи. Италијанскиот вицепрвак долго преговараше со ПСВ Ајндховен, за на крајот да биде постигнат договор „наполитанците“ да платат 42 милиони евра за Лозано, што е за пет милиони повисока сума од досегашниот рекорден трансфер на Гонзало Игуаин од Реал Мадрид.

Мексиканецот вечерва со приватен авион ќе пристигне на аеродромот во Рим, каде во текот на утрешниот ден ќе ги мине и лекарските прегледи. Веднаш по прегледите ќе следи и потпис на договорот, по што Лозано ќе се упати кон Неапол и ќе му се приклучи на тимот на Карло Анчелоти.

Брзоногиот офанзивец одлично се снаоѓа на двете крилни позиции и се очекува тој да го заземе местото во тимот што досега му припаѓаше на Калјехон.

Се вчитува...