Наполи го декласираше Кремонезе, за Елмас 15 минути

Се поблиску е Лигата на шампионите за Наполи, кој се искачи на второто место со победата вечерва над Кремонезе од 4-0. Немаа проблем „наполитанците“ во дуелот против аутсајдерот, и на крајот заслужено славеа, а триумфот можеше да биде и поубедлив ако реализираа и удар од белата точка во второто полувреме.

Мектоминеј во 3. минута на асистенција на Де Брујне успеа да го отвори резултатот. Потоа Хојлунд во 45. минута зголеми на 2-0, а во судиското надополнување Де Брујне донесе и 3-0.

Во вториот дел Алисон Сантос зголеми и на 4-0, а Мектоминеј во 83. минута промаши пенал за уште поубедлив триумф на Наполи.

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас го почна мечот од клупата, а влезе во игра во 75. минута.

Се вчитува...