Наполи го доби Калјари и ја прескокна Рома

Наполи на убедлив начин го совлада Кајлари на домашен терен со 3-1 и се искачи на второто место на табелата во Серија А, прескокнувајќи ја Рома за два бода, која утре му гостува на Милан.

Дрис Мертенс во втората минута ја затресе мрежата на Калјари и донесе предност, а во 49.минута истиот фудбалер зголеми на 2-0. Лоренцо Инсиње во 67.минута постигнат и трет гол за „наполитанците“ и беше јасно кој ќе ги освои бодовите на оваа средба. Во судиското продолжение, Калјари преку Фариаш го постигна почесниот погодок.

All Goals & Highlights HD – Napoli 3-1 Cagliari… by Video-Sport

Се вчитува...