Наполи го договори првото засилување, се чека „зелено светло“ од Ајакс

Наполи се договори со фудбалерот на Ајакс, Амин Јунес, да биде првото засилување на калчолигашот, но фудбалерот чека реакција од раководството на холандскиот клуб.

Повремениот германски репрезентативец ги договори условите за преселба на „Сан Паоло“, но Ајакс бара 15 милиони евра за неговите услуги. Наполи не сака да ја исплати бараната сума знаејќи дека на фудбалерот му истекува договорот по крајот на оваа сезона, па свесни се дека можат да го добијат бесплатно. Наводно, Јунес се согласи на петгодишен договор со кој ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона, плус бонуси.

24-годишното крило за Ајакс настапува од 2015 година. Претходно го носеше дресот на Борусија Менхенгладбах и Кајзерслаутерн, а летото настапуваше за репрезентацијата на Германија во Купот на Конфедерации каде забележа пет настапи и постигна два гола.

Се вчитува...