Наполи го купува Федерико Киеза

По разочарувачката сезона во Серија А, првиот човек на Наполи, Де Лаурентис посакува со сериозно засилувања да го врати клубот на врвот од италијанскиот фудбал.

Средствата од продажбата на Калидоу Кулибали, кој е блиску до трансфер во Манчестер сити, како и Аркадиуш Милик, италијанските медиуми пренесуваат дека ќе бидат искористени за купување на извонредниот фудбалер на Фиорентина и италијанската репрезентација, Федерико Киеза.

Цената на Киеза се проценува на околу 60 милиони евра. Играчот од Фиренца веќе е на мета на неколку клубови од Италија, но и од Англија, но според последните информации сепак ќе го одбере Наполи.

Се вчитува...