Наполи го официјализираше Грузиецот Кваратсхелија

Италијанскиот калчолигаш Наполи и официјално го претстави грузискиот интернационалец, Квича Кваратсхелија. Трансферот беше договорен уште на крајот на минатата сезона, а денеска тој беше и официјализиран.

Грузиецот беше дел од Рубин Казањ до руската агресија врз Украина, по што се врати во татковината. Тој потпиша договор со „наполитанците“ во следните пет години, а годишно ќе заработува по еден милион евра.

Се вчитува...