Наполи го освои Бергамо

Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Наполи, ја зголеми предноста на врвот откако успеа да слави минимално против Аталанта на гости во Бергамо со 0-1. Дрис Мертенс во 65.минута беше стрелец на победничкиот гол за „наполитанците“. По ова, сега составот на Маурицио Сари има четири бода предност во однос на Јувентус, кој утре ја пречекува Џенова во рамките на 20.коло.

Во завршницата, Марек Хамшик постигна и втор гол за Наполи, но беше поништен поради офсајд позиција.

Се вчитува...