Наполи го потпиша Симоне Верди

Симоне Верди од синоќа и официјално е нов член на Наполи откако италијанскиот репрезентативец потпиша петгодишен договор со актуелниот вицешампион на Калчо-лигата. „Наполитанците“ платија 25 милиони евра за овој 25-годишен фудбалер, кој имаше извонредна сезона во дресот на Болоња, постигнувајќи 10 гола, надополнети со десет асистенции.

Верди стана прв фудбалер по пауза од 13 години што успеа на еден натпревар од Серија А да постигне два гола од слободен удар, од кои едниот со десната, а другиот со левата нога (на дуелот со Кротоне).

Тој беше близу до трансфер во Наполи и во текот на јануарскиот преоден рок, тогаш работите во последен момент се искомпликуваа, но претседателот Де Лаурентис овојпат не сакаше да ризикува, па уште во текот на месец јуни го осигура Верди како големо засилување за новиот тренер Карло Анчелоти.

Се вчитува...