Наполи го претстави Елмас: Низ Неапол ќе шетам со Мертенс, се слушнав и со Пандев…

Елиф Елмас денеска и официјално беше претставен како најново засилување на Наполи, позирајќи со дресот со број 12 што македонскиот ас го носеше и на дебито за новиот клуб против Кремонезе. На официјалната промоција во тренинг-кампот Димаро тој уште еднаш потенцираше дека е горд што станува дел од овој италијански гигант, предводен од врвен стратег како Карло Анчелоти.

„Среќен сум што дојдов овде, чест ми е што станувам дел од големото семејство на Наполи. За мене е сон да ми биде тренер некој како Карло Анчелоти, желба ми е да научам што повеќе од овој врвен стратег“ – истакна Елмас.

Тој станува втор Македонец што го облекува дресот на Наполи, по капитенот на нашиот национален тим, Горан Пандев.

„Се слушнав со Пандев по потписот, ме советуваше секогаш да го почитувам овој дрес, бидејќи доаѓам во едно големо семејство. Неапол бил опасен град? Не знам, уште немам видено ништо, но низ градот ќе шетам со Мертенс“ – со насмевка коментираш македонскиот ас во дресот на Наполи.

Се вчитува...