Наполи го растури Интер, Манџукиќ спречи пораз на Јуве

Наполи во еден од своите најдобри овосезонски натпревари го декласираше Интер со 4-1. Зјелински со еврогол во првото полувреме го отвори резултатот, а во вториот дел Мертенс и Руиз (со два гола) ставија печат на убедливиот триумф на тимот на Карло Анчелоти. Конечните 4-1 во финишот од пенал ги постави Икарди.

„Нероаѕурите“ тотално потфрлија вечерва, но остануваат господари на сопствената судбина бидејќи за четвртото место на табелата и пласман во ЛШ доволна ќе им биде и минимална победа во последното коло, на домашен терен против Емполи.

Ист број бодови како и Интер (еден повеќе од Милан) има и Аталанта, откако тимот од Бергамо вечерва остана непоразен на гостувањето против Јувентус (1-1). Аталанта долго време имаше и заслужено водство со голот на Иличиќ, но Јуве со многу среќа стигна до израмнување, откако тешкиот шут на Манџукиќ низ нозете на гостинскиот голман заврши зад гол-линијата.

Аталанта во последното коло ќе го пречека тимот на Сасуоло, меч на кој триумф на „сино-црните“ од Бергамо ќе значи и нивно учество во Лигата на шампионите наредната сезона.

Се вчитува...