Наполи го слави денот на „Војна на ѕвездите“ – Главна улога нашиот Елиф Елмас (ФОТО)

Четврти мај е меѓународниот ден на серијалот филмови „Војна на ѕвездите“. „Нека силата биде со тебе“ е една од најпознатите реплики во историјата на светската кинематографија, а поради симболичноста на оригиналната изјава „May the force be with you“ токму четвртти мај е земен како меѓународен ден на еден од најпознатите филмски серијали.

Големите спортски колективи го прославуваат денешниот ден со објави во кои нивните ѕвезди се дел од ликовите од „Војна на ѕвездите“, а италијанскиот калчолигаш Наполи како главен лик го одбра македонскиот дијамант Елиф Елмас.

 

Се вчитува...