Наполи го „торпедираше“ Лацио, десет минути игра за Елмас (ВИДЕО)

Наполи ја продолжува битката за една од водечките четири позиции во Серија А кои водат во Лигата на шампионите следната сезона, откако во дербито на 32. коло славеше убедливо со 5-2 против Лацио.

Триумфот на домашните беше најавен уште во првото полувреме, со головите на Инсиње во 7. минута и Политано во 12. минута.

Во второто полувреме Инсиње во 53. минута зголеми на 3-0, а Мертенс во 65. минута веќе донесе и 4-0.

„Лацијалите“ со головите на Имобиле во 70. минута, и прекрасниот гол од слободен удар на Милинковиќ-Савиќ во 74. минута намалија на 4-2, за да Осимхен ги постави конечните 5-2 за Наполи.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните десет минути на дуелот, влегувајќи во игра на местото на Зјелински.

 

Се вчитува...