Наполи го враќа Балотели во Италија?

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели би можел да се врати во Серија А во зимскиот преоден рок. Наполи е заинтересиран да го врати на Апенините, откако Карло Анчелоти побара клубот да ја зголеми конкуренцијата во навалната линија. Тој сака да има уште една опција повеќе во нападот со оглед дека Милик често се повредува.

Балотели сигурно си заминува од Ница, која не му понуди продолжување на соработката, а најголем интерес за Италијанецот покажува Олимпик Марсеј.

Се вчитува...