Наполи и Елмас се на врвот на Серија А

Наполи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас потешко од очекувањата славеа на гостувањето против „фенерџијата“ Салернитана со 0-1 и со тоа се искачиja на врвот на табелата каде ќе останат најмалку до завршување на дуелот помеѓу Рома и Милан.

Победничкиот гол за неаполитанците го постигна Пиотр Зиелински во 61. минута од мечот, само минута по влезот на Елиф Елмас на теренот. Домаќините имаа шанса да стигнат до изедначување и еден бод при самиот крај на натпреварот, но Галиоло промаши неверојатна шанса во 96. минута.

Притоа натпреварот го одбележаа и два црвени картони. Домаќините својот го заработија во 70. минута кога беше исклучен Кастанос, а седум минути подоцна гостите остнаа без Кулибали.

Во следниот натпревар Наполи ја пречекува Верона, додека Салернитана гостува кај Лацио.

Се вчитува...