Кој ќе биде шампион за сезоната 2024/25 во Серија А ќе дознаеме во последното коло од елитниот италијански шампионат. Наполи има бод предност пред Интер па спектаклурална завршниза ќе го одлучи освојувачот на титулата.
Во последното коло кое е закажано за во петок Наполи силите ќе си ги одмери со Калјари на домашен терен, додека Интер му гостува на Комо, а што е интересно за овие две средби е што во битката за титула двата тима на клупата нема да ги имаат тренерите Антонио Конте, односно Симоне Инзаги.
Италијанските стартези добија црвен картон на натпреварите против Парма и Лацио па ќе го проследат натпреварот на својот тим од трибините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА