Наполи се опорави од поразот од Калјари и успеа да ја совлада Бреша на домашен терен со 2-1. Елиф Елмас доби шанса од Карло Анчелоти во финишот од мечот, менувајќи го напаѓачот Фернандо Љоренте во 73.минута.
Дрис Мертенс ги доведе „наполитанците“ во водство во 13.минута, а на самиот истек од првиот дел дефанзивецот Костас Манолас зголеми на 2-0. Марио Балотели успеа да донесе неизвесност со голот за Бреша во 67.минута, но на крајот сепак бодовите останаа во Неапол.
Со овој триумф Наполи се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А со 12 бода, шест помалку од лидерот Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА