Наполи ја „торпедираше“ Џенова, гол и на Елмас…, Милан подобар од Кротоне (ВИДЕО)

Наполи ја „торпедираше“ Џенова победувајќи со убедливи 6-0 во 2. коло од Серија А, во натпревар во кој првиот свој гол сезонава го запиша и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Елмас кој во игра влезе во 23. минута на местото на Инсиње, со асистенција и погодок партиципираше во триумфот на наполитанците. Елмас беше стрелци на петтиот гол во 69. минута…

Претходно, во 46. минута македонскиот фудбалер асистираше и на Зјелински, кој по неговото проигрување го постигна голот за водство од 2-0. Два гола за Наполи постигна и Лозано, а по еден уште Мертенс и Политано.

Горан Пандев на натпреварот во игра влезе во 55. минута на местото на Зајц.

Милан, пак, славеше со 0-2 на гостувањето против Кротоне. Кеси во 45. минута донесе предност за „миланезите“, а Диаз во 50. минута ги постави конечните 0-2.

Се вчитува...