Наполи купува соиграч на Стефан Ристовски

Италијанскиот калчолигаш Наполи е во потрага по квалитетен чувар на мрежата за следната сезона, откако Пепе Реина веќе потпиша договор за преселба во Милан. Раководството на „наполитанците“ одлучи да тргне по Руи Патрицио, голманот на Спортинг Лисабон и португалски репрезентативец. Мал проблем претставува отштетната клаузула од 16 милиони евра, но Аурелио де Лаурентис се надева дека сепак ќе успее да го убеди португалскиот клуб на продажба на својот голман и за помала сума.

Покрај Руи Патрицио, во нотесот на Маурицио Сари се уште двајца голмани, Бернд Лено од Баер Леверкузен и Матија Перин, соиграчот на Горан Пандев во Џенова.

 

Се вчитува...