Италијанскиот калчолигаш Наполи е заинтересиран за одбранбениот фудбалер на ЦСКА Москва, Марио Фернандес. Натурализираниот Бразилец беше член на фудбалската репрезентација на Русија на Светското првенство, и со своите игри го импресионираше новиот тренер на „наполитанците“, Карло Анчелоти. Тој побарал од претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис, да се обиде да го доведе Фернандес во Неапол.
27-годишниот дефанзивец се сложил на преселба во Серија А, па останува комплетниот договор сега да го склучат и двата клуба.
Во сезоната 2017/18, Марио Фернандес одигра 37 натпревари за ЦСКА Москва и еден од најдобро оценетите фудбалери во рускиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА