Наполи му го честиташе роденденот на „бесмртниот“ Марадона (ФОТО)

Големиот Диего Армандо Марадона денеска требаше да го прослави својот 61 роденден. На денешен ден е роден еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Славниот Аргентинец беше познат по се што правеше на фудбалските терени, но за жал и надвор од границите на спортот, а тој начин на живот на крај скапо го плати.

Борбата против пороците, зависноста од дрога и алкохол, турбулентниот живот полн со подеми и падови, ја одбележаа кариерата на највлијателниот играч во историјата на фудбалот.

Најголемата слава Аргентинецот ја стекна во дресот на Наполи, кој денеска му го честиташе роденденот на „бесмртниот“ Марадона.

 

 

 

Се вчитува...