Наполи најде замени и за Реина и за Жоргињо

Карло Анчелоти реши две значајни дилеми за наредната сезона откако Наполи денеска ги комплетираше трансферите на Фабијан Руиз и на Алекс Мерет.

Руиз доаѓа од редовите на Бетис и настапува на позицијата последен играч за врска, така што тој ќе биде замена во тимот на Жоргињо, кој ќе се пресели во Манчестер сити за сума од 55 милиони евра. Бетис не сакаше да го продаде еден од своите најдобри фудбалери, но „наполитанците“ ја платија клаузулата за откупување на неговиот договор со шпанскиот клуб, по што Руиз потпиша договор со италијанскиот вицепрвак со важност до 2023 година.

Во потрагата по голман на Анчелоти трофејниот стратег не успеа да стигне до Руи Патрисио и до Лено, па на крајот го договори Мерет. Овој 21-годишен чувар на мрежата доаѓа од Удинезе за сума од 20 милиони евра, наследувајќи го на голот Пепе Реина кој својата кариера ќе ја продолжи во Милан.

Се вчитува...