Наполи не запира: По Лозано, доаѓа и Љоренте

Наполи е најактивниот клуб во завршницата од овој преоден рок, откако раководството на новиот тим на Елиф Елмас реши да тргне во офанзива по нови засилувања, се со цел да може да се носи со Јувентус во новата трка за титулата.

Денеска и официјално во Неапол беше претставен Ервинг Лозано, кој пристигна од ПСВ Ајндховен за рекордни 42 милиони евра, а „наполитанците“ веќе се на прагот на нов потпис. Станува збор за Фернандо Љоренте, кој веќе ги договорил деталите за пристигнување во таборот на италијанскиот вицепрвак. За овој искусен голгетер се интересираа неколку клубови во Италија, како опција се споменуваше и Манчестер Јунајтед, кој можеше да го потпише и надвор од преодниот рок како слободен играч, но Љоренте на крајот сепак го избрал Наполи, клуб со кој викендов ќе потпише двогодишен договор.

Ангажманот на Љоренте ќе значи и дефинитивно заминување на Милик, кој не ги оправда очекувањата на тренерот Анчелоти и ќе му биде дозволено да ги промени клупските бои до крајот на овој преоден рок.

Се вчитува...